ФБИ: Зголемен број напади врз муслиманите
Оваа појава продолжи и годинава, а активистите за правата на малцинствата ова го објаснуваат како последица на зголемената ксенофобија поттикната од нападите низ Европа и САД, како и предизборната кампања...

Според најновиот извештај на Федералното истражно биро, бројот на злосторствата во САД поттикнати од омраза се зголемил за седум насто, а бројот на нападите врз муслиманите се зголемил за 67.
Оваа група стана главна цел по терористичките напади на 11 септември 2001 година. Оваа појава продолжи и годинава, а активистите за правата на малцинствата ова го објаснуваат како последица на зголемената ксенофобија поттикната од нападите низ Европа и САД, како и предизборната кампања за претседателските избори што се одржаа на почетокот на месецов.
