Битолскиот Народен театар ќе гостува во Санта Барбара
Ансамблот на Битолскиот Народен театар денеска отпатува за Америка на 4-тото меѓународно претставување за годинава. Во Санта Барбара ќе се претстави со „Антонио и Клеопатра“, во режија на Џон Блондел и „Сонетите“ инспирирани од текстови на Шекспир, копродокциски проект со тамошната компанија „Литмунд“.

И годинава богата меѓународна агенда на Битолскиот Народен театар. По настапите во Русија, Израел и Бугарија денеска отпатува за Америка. Во Санта Барбара ќе ги одигра претставите „Антоние и Клеопатра“ во режија на Џон Блондал и „Сонети“, инспирирана од текстовите на Шекспир, копродукциски проект со тамошната компанија „Литмунд“. Интернационални исчекори кои уште повеќе го потврдуваат реномето на нашата водечка институција во областа на театарската уметност.
„Несомнено добивате потврда за она што го работите дури и на јазик кој многупати не го разбирате. Но сепак луѓето ја разбираат количината на вложен труд на емоции и во крајна линија јазикот на театарот, кој е универзален“, вели уметничкиот директор Благоја Мицевски.
Театарска куќа која има исклучително значење во македонската театарска историја, само десет дена по ослободувањето на Битола на првата професионална сцена е одиграна првата претстава. Важи за институција која одиграла најмногу претстави. Силниот уметнички потенцијал кулминира со настапот на „Глоуб театарот“ како прва институција што изведе представа на македонско јазик. Ансамбл кој патува, но и кој преку битолскиот „Шекспир фестивал“ започна и да го носи театарскиот свет. Успеси што обврзуваат.
„Тоа обврзува и понатаму да вложуваме и помагаме нашиот македонски театар да остане забележан на меѓународните сцени“, рече министерката за култура Елезабета Канческа- Милевска.
Во знак на досека постигнато, и почит кон плејадата истакнати театарски имиња кои што се вложиле во тој успех, синоќа со ревијалната претстава „Битола- Патувачки Театар“ во режија на Јован Ристовски беше одбележан 72-риот роденден.
Стевче Митревски
