Русија: Приведен министерот за економија поради мито
15.11.2016 12:23
По обидот за преврат во 1991 година, Улјукаев е највисок државен претставник уапсен во Русија.

Рускиот министер за економија Алексеј Улјукаев е приведен под сомнение за мито од два милиона долари за издавање позитивна оценка со која нафтената компанија Роснефт добила 50 насто од Башнефт.
По обидот за преврат во 1991 година, Улјукаев е највисок државен претставник уапсен во Русија. Роснефт, кој е под контрола на Кремљ купи 50 насто од Башнефт за пет милијарди долари во октомври.
Од Кремљ изјавија дека обвинението против Улјукаев е сериозно.
