Во дијаспората ќе можат да гласаат 20.591 македонски државјани

15.11.2016 12:34

Со оглед дека за гласање се пријавиле по помалку од 10 граѓани во девет дипломатско-конзуларни претставништва, гласањето нема да се спроведе. Станува збор за: Токио, Њу Делхи, Атина, Астана, Каиро, Киев, Талин, Тел Авив и Солун.

ДИК утврди дека по завршувањето на рокот за поднесување на пријави за гласање во дипломатско- конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, од вкупно поднесени 21.029 пријави, 20.629 граѓани ги исполниле законските услови и нивните пријави биле прифатени. 20.591 граѓанин ќе може да гласа во 41 дипломатско конзуларно претставништво или канцеларии.

Со оглед дека за гласање се пријавиле по помалку од 10 граѓани во девет дипломатско-конзуларни претставништва, гласањето нема да се спроведе. Станува збор за: Токио, Њу Делхи, Атина, Астана, Каиро, Киев, Талин, Тел Авив и Солун.

Истовремено поради големиот број пријавени гласачи 4.256 во Берн и 2.724 во Венеција, Државната изборна комисија одлучила во Берн да бидат отворени дополнителни три, а во Венеција дополнителни две избирачки места.