„Тајмс“: Британската влада нема план за Брегзит
15.11.2016 13:09
Во меморандумот се вели дека во тек се 500 проекти за Брегзит така што веројатно ќе мора да се ангажираат дополнителни 30.000 членови на персоналот.

„Британската Влада нема план за излез од Европската Унија, а поради поделбите во Кабинетот, преговарачката стратегија можеби нема да биде усвоена во следните шест месеци“, се наведува во доверлив документ кој стигна до весникот „Тајмс“.
Во меморандумот се вели дека во тек се 500 проекти за Брегзит така што веројатно ќе мора да се ангажираат дополнителни 30.000 членови на персоналот.
Портпаролот на британската Влада ја демантира содржината на документот.
