Подмладоците на политичките партии потпишаа Декларација за фер избори

15.11.2016 13:27

Политичките подмладоци со Декларацијата се обврзуваат дека ќе се заложат за одржување фер и демократски избори и не посегнување по заплашување на граѓаните да го дадат својот глас за одредена партија...

Декларација за слободни, фер и демократски избори потпишаа денеска во пресрет на претстојните предвремени парламентарни избори 22 подмладока на политички партии во Република Македонија.

Политичките подмладоци со Декларацијата се обврзуваат дека ќе се заложат за одржување фер и демократски избори и не посегнување по заплашување на граѓаните да го дадат својот глас за одредена партија, за подобрување на демократската клима во изборниот процес, за јавна осуда на секаков чин на насилство, како и за необјавување клевети, навреди и манипулации.

Потписниците, меѓудругото, се обврзуваат и дека ќе се залагаат за отстранување или минимализирање на говорот на омраза, дека ќе водат чесна и фер медиумска кампања и оти нема да го отстрануваат пропагандниот материјал на другите партии.

Младите лидери по втор пат потпишуваат ваква декларација, првпат тоа го направија во 2014-та.