Промовиран прирачник за јавни политики
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во партнерство со „Вестминстер“ фондацијата за демократија, го претставија прирачникот за истражување и пишување документи за јавни полиитки, како резултат од проектот „Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права“.

Прирачниик со документи за јавни политики од 12 невладини организации ќе го дочека новиот пратенички состав, велат од фондацијата „Вестминстер“ и Високата школа за новинарство, кои го менторирале процесот на пишување документи.
Идните пратеници ќе се соочат со аргументирани предлози за измени во законите што се однесуваат на различни теми, од областа на социјалната и здравствената заштита, човековите права и образовниот систем.
Предлози за измени во законот што се однесува до предлог мерките за дополнителна здравствен и социјална заштита на лицата со попреченост и нивните семејства, подготвува здружението инклузива, на пример за продолжување на старосната граница над 26 години.
Конопот за медицинска употреба, здравје или бизнис? Вака ја поставуваат дилемата од невладината „ХОПС“ поради стигматизирањето од страна на медицинските лица.
Уште дузина закони се на листата на невладините организации кои се надеваат на измени после проектот„Граѓаните во Собранието“ финансиран од Европската унија.
Фиљана Кока
