Доделени нови решенија за легализација на објекти во општина Кисела Вода

03.02.2014 12:36

Нови 52 граѓани од општина Кисела Вода денеска добија решенија за легализација на бесправно изградените објекти, со што вкупниот број на легализирани објекти се искачи на 2.393.
Во своето обраќање градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ, потсети на мерките што ги воведе општината заради поедноставување на процедурата, кои овозможија на неделно ниво да се издаваат по 40 до 50 нови решенија за легализација.
 
Ја потенцираше и улогата на граѓаните во самиот процес. Со некомплетна документација, односно без елаборат, го доведуваат во прашање легализирањето на објектот, а со новиот рок што со измените го даде Владата,  ќе имаат доволен период за изработка и доставување на геодетските елаборати. Сепак, апелираше да не се чека до последен момент, бидејќи навременото легализирање е од взаемна корист.
 
Таа упати апел до сите жители на општината да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакуум простор, бидејќи ќе се соочат со Општинската градежна инспекција.