Франк- Валтер Штајнмајер ќе биде новиот претседател на Германија
15.11.2016 15:06
Тој ќе го наследи социјалдемократот Јоаким Гаук, а на негово место веројатно ќе дојде претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Партиите на големата германска коалиција се договорија актуелниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер да биде идниот претседател на Германија.
Тој ќе го наследи социјалдемократот Јоаким Гаук, а на негово место веројатно ќе дојде претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.
Штајнмајер создаде реформа на работниот пазар и социјалното осигурување. Се залага за дијалог со Москва и за постепено укинување на санкциите кон Русија, а во однос на САД, нема високо мислење за новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Претседателскиот кабинет ќе го преземе во февруари 2017 година.
