„Квартет“ премиерно во МНТ
В петок премиерно на сцената на Македонскито народен театар ќе биде одиграна претставата „Квартет“ во режија на Зоја Бузалковска. Четворица актери во улога на оперски пејачи ќе го изведат текстот на Роналд Харвуд.
Приказна за четворица познати оперски пејачи кои по збогувањето со професијата на која и биле посветени цел живот се во дом за стари лица. Актерите, велат не се засегнати само оперските, туку сите уметници кои треба да заминат од сцената. Оваа појава е се поприсутна на нашите простори
„Новите генерации треба да не заменат и треба да бидат подобри од нас инаку би било лошо кога не би било така, но мешањето на возраста и на искуствота е само драгоценост за секоја уметничка куќа“, вели актерката Лилјана Вељанова.
„Во претставата сите сме оперски пејачи, сите сме пееле на можни светски скали или престижните оперски куќи, сега собрани на едно место што се вика старечки дом“, вели актерката Катина Иванова.
Оваа смешна, но истовремено и тажна приказна ќе ја играат четворица актери кои важат за бардови на театарската сцена во земјава. Чоревски, вели се препознава во улогата.
„Овде сум некој оперски пејач кој имал своја слава, бил вистинска ѕвезда го споредувале со тито гоби . Но тој самиот си признава рич ти си уметник, а јас сум занаетчија“, изјави актерот Благоја Чоревски.
„Ние сме уметници и треба да го славиме животот што друго сме правеле сите овие години – ова е текст од претставата“, рече актерот Емил Рубен.
За режисерката Бузалковска е предизвик да се работи со овие маестри на актерството.
„Секој од нив има еднаков простор во оваа приказна. Тешки актерски задачи и ужасно сложена режисерска задача“, изјави режисерката на претставата, Зоја Бузалковска.
Премиерно пред публиката претставата „Квартет“ ќе биде изведена в петок во Македонскиот народен театар.
Андријана Атанасовска
