МВР ја истражува пресрелката на „Партизанска“

15.11.2016 15:26

Ноќна престрелка на булеварот „Партизански одреди“. Било пукано кон 45 годишник од Скопје, кој управувал со возило, по што загубил контрола над автомобилот и се превртел на покрив. 45 годишникот со повреди бил хоспитализиран на скопските клиники, од кадешто велат дека по лекарската интервенција се наоѓа во стабилна состојба. Полицијата го истражува слуачајот, но не соопштува повеќе детали...

Со повреди од куршум во стомакот, градите и раката, скопјанец од населбата Ѓорче Петров ноќеска околу полноќ е пренесен во ургентниот центар. Иако лекарите првично мислеле дека повредите настанале во сообраќајна несреќа, набрзо утврдиле дека возачот бил жртва на пукотници, по што јавиле во полиција. Отворена е истрага за да се утврди вистината за тоа што се случило.

Увидот на самото место покажал дека половина час пред полноќ на крстосницата меѓу булеварот „Партизанска“ и улицата „Париска“ возачот на автомобилот голф 5 изгубил контрола зад воланот, удрил во бетонска жардиниера по што се превртел на покрив.

Во безсознание бил транспортиран во ургентниот центар, поради што полициските инспектори не можеле да разговараат со него.

По извршените лекарски интервенции, бил хоспитализиран на КАРИЛ, од кадешто велат дека е во стабилна состојба. Се чека да се опорави за да може да сведочи за тоа што се случило.

Засега е познато дека 45 годишниот скопјанец бегал од вооружени напаѓачи, но дали ги познавал, имале ли нерасчистени сметки и што довело до инцидентот – засега полицијата нема одговор на овие прашања. Од МВР велат дека повредениот од порано и бил познат на полицијата.

Повеќе детали ќе соопштат кога целосно ќе се истражи случајот. Веројатно тогаш ќе се знае дали се вистинити информациите што се објавени на повеќе медиуми за заднината на овој инцидент.

 

Анита Димитријевска