Пет коалиции и шест партии во изборната трка

15.11.2016 15:41

Пет коалиции и шест политички партии ќе напреваруваат на изборите на 11-ти декември. По Социјал-демократската партија, ДИК ги отфрли листите и на Народното движење за Македонија на Јанко Бачев, кои имаат право на жалба до Управниот суд. Право на глас во дијаспората имаат 20.629 македонски државјани, но околу 40-ина од нив, нема да можат да гласаат во неколку диломатско- конзуларни претставништва, бидејќи нема пријавено доволен број гласачи.

Откако Државната изборна комисија поради неправилности ги отфрли листите на Социјал-демократската партија на Македонија и на Народното движење за Македонија, утврди дека на претстојните предвремени парламентарни избори ќе истрчаат пет коалиции и шест политички партии, или вкупно филтерот го минаа 58 кандидатски листи. СДПМ и НДМ имаат можност за жалба до Управниот суд.

Во изборната единица еден, во двојката и во петката, пред граѓаните ќе се најдат најголем број на кандидатски листи, односно по 5 од коалициите и партиите.

20.591 македонски граѓанин своето избирачко право ќе може да го остварат во 41 дипломатско- конзуларно претставништво, а во Берн и Венеција ќе бидат отворени по уште три гласачки места, бидејќи има голем број пријавени за остварување на гласачкото право.

Рокот за испраќање на избирачкиот список на увид до партиите итекува на 16-ти. Доколку партиите имаат забелешки ќе треба да ги пријават до Државната изборна комисија.

Жрепката за редоследот на партиите на гласачкото ливче ќе се одржи на 20-ти ноември кога би требало ДИК да го понуди на потпис и кодексот за фер избори.  

 

Миле Ристески