Ременски: Обнова на правата од социјална и детска заштита по изборите

15.11.2016 15:55

Причина за одложувањето на обновата, како што нагласи Ременски, се подготвителните активности за претстојните парламентарни избори, период во кој, според неа, најчесто се прават злоупотреби и манипулации со лицата во социјален ризик.

Обновата на правата од социјална и детска заштита која согласно Законот се врши еднаш годишно, наместо во ноември како што е вообичаено, ќе се спроведе од 19-ти декември до 27-ми јануари 2017-та, соопшти денеска министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски.

Причина за одложувањето на обновата, како што нагласи Ременски, се подготвителните активности за претстојните парламентарни избори, период во кој, според неа, најчесто се прават злоупотреби и манипулации со лицата во социјален ризик.

Таа информира и дека е отворен телефонскиот број 15-133 на кој може да се пријават коруптивни однесувања, притисоци, закани и несоодветни постапувања на службени лица од центрите за социјални работи.

Од 27-ми октомври годинава до денес, Министерството доставило 15 писмени опомени и повеќе усмени укажувања до свои службени лица кои не се однесувале согласно дефинираните правила кои претходно им биле доставени, рече Ременски.