ДИК: Од понеделник почнува изборната кампања
16.11.2016 10:28
Од ДИК потсетуваат дека од денот на распишување на изборите сѐ до почетокот на изборната кампања не смее да се емитува, однсно да се објавува платено политичко рекламирање.

Изборната кампања за предвремените избори закажани за 11-ти декември ќе почне понеделник, на 21-ви ноември, соопшти Државната изборна комисија.
Оттаму потсетуваат дека од денот на распишување на изборите сѐ до почетокот на изборната кампања не смее да се емитува, однсно да се објавува платено политичко рекламирање.
Инаку ДИК вчера вечер не успеа да го утврди текстот на кодексот за фер и демократски избори, што треба да биде испратен до учесниците во изборниот процес.
