Насилни протести во Атина поради посетата на Обама
16.11.2016 10:44
Демонстрантите протестираа против војната пред сѐ во Сирија, но и поради нарушените американско- турски односи.

Над 7 илјади лица, најмногу од крајната левица протестираа против присуството на американскиот претседател во грчката престолнина. Протестите се претворија во немири, по што мораше да реагира и полицијата која употреби шок бомби и солзавец.
Демонстрантите протестираа против војната пред сѐ во Сирија, но и поради нарушените американско- турски односи.
На полицијата беа фрлани молотови коктели на популарниот плоштад Синтагма.
Посетата на Обама е само два дена пред годишнината од крвавата 1973-та и студентските протести против хунтата во Грција што беше поддржана од американската влада.
