Ученик усмртил полицаец и наставник во Москва
Заврши драмата во училиштето во североисточна Москва. Полицијата приведе помладо машко лице што држеше заложници во градско училиште во руската престолнина, кое претходно со пушка усмрти еден полицаец и еден наставник. Децата беа евакуирани од училишната зграда од наставниците додека траеше приведувањето на средношколецот. Убиецот држел како заложници 20 ученици во училницата за биологија.Ученикот, кој ранил притоа уште еден полицаец, бил од четврта година во московското училиште.
Заврши драмата во училиштето во североисточна Москва. Полицијата приведе помладо машко лице што држеше заложници во градско училиште во руската престолнина, кое претходно со пушка усмрти еден полицаец и еден наставник. Децата беа евакуирани од училишната зграда од наставниците додека траеше приведувањето на средношколецот. Убиецот држел како заложници 20 ученици во училницата за биологија.Ученикот, кој ранил притоа уште еден полицаец, бил од четврта година во московското училиште. Сите училишта во Русија имаат вооружено обезбедување, според усвоениот закон во 2004-та, по терористичкиот напад во училиштето во Беслан, Северна Осетија.
