Меркел ќе се кандидира за нов четврти мандат

16.11.2016 11:11

Меркел е на власт од 2005-та година. Проблемите со мигрантскиот бран предизвикаа голем пад на популарноста на демохристијаните на Меркел ...

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе се кандидира за нов четврти мандат на изборите за Бундестагот што ќе се одржат во септември идната година.

Меркел е на власт од 2005-та година. Проблемите со мигрантскиот бран предизвикаа голем пад на популарноста на демохристијаните на Меркел кои беа поразени и на изборите во нејзината родна провинција Мекленбург- Западна Померанија.

Германија е водечка економска сила во Европа поради што Меркел може да добие нов мандат.