Канадскиот премиер во прва официјална посета на Куба

16.11.2016 12:21

Планирано е и стартување на трговска размена со канадските компании откако кубанската влада одлучи да ги намали рестрикциите за странските инвестиции.

Канадскиот премиер Џастин Трудо е во првата официјална посета на Куба. Средба одржа со претседателот Раул Кастро и други претставници на власта со цел да се зајакне економската соработка.

Планирано е и стартување на трговска размена со канадските компании откако кубанската влада одлучи да ги намали рестрикциите за странските инвестиции.

Потегот на Трудо следи по најавата на новоизбраниот американски претседател Трамп за подобрувањето на односите кои беа повторно воспоставени од Барак Обама.

Следна дестинација се Аргентина и Перу каде што канадскиот премиер ќе учествува на средбата за азиско-пацифипчката економска соработка.