ДИК го усвои роковникот за претседателските избори

03.02.2014 12:59

Државната изборна комисија (ДИК) го усвои роковникот за извршување на...

Државната изборна комисија (ДИК) го усвои роковникот за извршување на изборните дејствија за претседателските избори кои ќе се одржат на 13-ти април годинава.

Собирањето на потписи за кандидатите за претседател ќе трае од 16-ти февруари до 2-ри март, а увидот во избирачкиот список ќе трае од 16-ти февруари до 7-ми март.

За прв пат на претседателски избори ќе гласа и дијаспората.

Кампањата за избор на шестиот преседател на Република Македонија почнува на 24 март.

„ДИК во целост е подготвена за изборите“, потврди претседателот на комисијата,  Никола Рилкоски.