Попоски за „Ди Пресе“: Има промени во односите со Грција
Би било премногу оптимистички да се каже кога Грција ќе се откаже од блокадата за ченство на Македонија во ЕУ, но како што вели македонскиот шеф на дипломатијата, атмосферата е промената, а тоа е добар предуслов за да се случи нешто во тој правец.

Изминатата година воведовме мерки за градење доверба со Грција и имаме целосно нов квалитет на билатералните односи, оценува вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски во интервјуто за австрискиот „Ди Пресе“. Тој нагласува дека уште од независноста на Македонија не постоел период на толку интензивна соработка со Грција.
Би било премногу оптимистички да се каже кога Грција ќе се откаже од блокадата за ченство на Македонија во ЕУ, но како што вели македонскиот шеф на дипломатијата, атмосферата е промената, а тоа е добар предуслов за да се случи нешто во тој правец.
Европскиот совет во 2009-та година направи грешка бидејќи не ја следел препораката на Европската комисија за отпочнување на претпристапните преговори на Македонија, а Грција бараше да се одолговлечи почетокот на преговорите, вели во интервјуто Попоски. Во Советот се создаде впечаток дека преговорите само за кратко ќе се одложат и дека спорот за името ќе се реши во најбрзо време, оценува Попоски во интервјуто за австрискиот дневен весник „Ди Пресе“.
