Расте бројот на болни од ХОББ

16.11.2016 14:22

Секој 10 човек над 40 години страда од оваа болест. Последните податоци покажуваат дека повеќе жени имаат ХОББ. По повод светскиот ден, од Институтот за белодробни заболувања вршеа превентивни прегледи.

Недостиг на воздух, тешко дишење, кашлица, најчесто со искашлување на секрет, појава на болка во градите, општа слабост на организмот, се симтомите за  опструктивна белодробна болест- ХОББ. Расте бројот на болни и кај нас и во светот. Секој 10 човек над 40 години страда од оваа болест. Последните податоци покажуваат дека повеќе жени имаат ХОББ. По повод светскиот ден, од Институтот за белодробни заболувања вршеа превентивни прегледи.

Ризичен фактор број еден е пушењето, но не помало влијание има арозагадувањето, но и генетските предиспозиции. Според лекарите станува збор за системско заболување кое се преклопува со повеќе болести поради што се комплицира состојбата на пациентот.

Во Македонија има околу 150 илјади болни од хронична опструктивна белодробна болест. На Институтот за белодробни заболувања годишно се лекуваат над 700 пациенти од кои над 300 се со тешка клиничка слика.

 

Наташа Јанчиќ