ЕУ планира да воведе систем за електронски визи за граѓаните кои не се дел од Унијата
Државјаните на земјите со безвизен режим сѐ уште ќе може да патуваат без виза, но како дополнителен задолжителен услов за влез во Шенгенот ќе треба да добијат патна авторизација пред самото патување.

Европската Унија предлага да се воведе систем за информации и авторизација на патувањето за оние граѓаните кои не се дел од Унијата, а патуваат во Шенген зоната, брифираат за МТВ извори од Брисел.
Државјаните на земјите со безвизен режим сѐ уште ќе може да патуваат без виза, но како дополнителен задолжителен услов за влез во Шенгенот ќе треба да добијат патна авторизација пред самото патување.
Граѓаните најпрво ќе треба да пополнат електорнска апликација и да уплатат пет евра што ќе бидат валидни 5 години.
Системот за регистрација на границите е една од мерките за контрола на влезот на луѓе од трети земји. Се очекува системот да се стави во употреба до 2020 година откако предлогот ќе биде доставен до Европскиот парламент и Советот за усвојување , а потоа да биде усвоен и од сите земји- членки на Европската унија.
