Русија се повлекува од Меѓународниот кривичен суд

16.11.2016 14:43

Според британскиот весник „Индепендент“, Владимир Путин одбил Русија да биде предмет на истрага на судот.

Русија се повлекува од Меѓународниот кривичен суд, по барањата за истрага за воздушните напади кои беа поддршка за власта на сирискиот претседател Асад. Според британскиот весник „Индепендент“, Владимир Путин одбил Русија да биде предмет на истрага на судот.

Портпаролот на руското министерство за надворешни работи изјави дека Меѓународниот кривичен суд не ги оправдал очекувањата и не претставува независно и авторитативно судско тело.