Хојт Ји: САД очекуваат фер и демократски изброи
Владата е целосно посветена изборите да бидат фер и демократски. Евроатлантските интеграции се врвен надворешно политички приоритет, потенцирал Јолевски. САД имаат интерес Македонија што поскоро да стане членка на НАТО и на ЕУ.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, кој е во работна посета на САД, се сретна со американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји. Било разговарано за актуелната политичка состојба и за претстојните предвремени избори во Македонија.
Владата е целосно посветена изборите да бидат фер и демократски. Евроатлантските интеграции се врвен надворешно политички приоритет, потенцирал Јолевски. САД имаат интерес Македонија што поскоро да стане членка на НАТО и на ЕУ. Доколку изборите бидат фер и кредибилни, САД ќе ја поддржат македонската влада во нејзините евроатлантски интегративни процеси, во привлекувањето на странски инвестиции и во напорите за подобрување на економијата, рекол Хојт Ји.
Министерот за одбрана Јолевски оствари средба и со директорот за Азија, Блискиот Исток, Европа и Латинска Америка во одделот на Обединетите нации за мировни операции, Петер Дуе. Како што наведуваат во соопштението од Министерството за одбрана, Јолевски посочил дека се разгледува можноста за учество на македонската Армија и во други мисии на Обединетите Нации.
