Емануел Макрон ја објави кандидатурата претседател на Франција

16.11.2016 15:32

Учеството на претседателските избори идниот мај, според аналитичарите, е предавство на Оланд кој му помогнал во кариерата. Макрон нема поддршка од политичка партија.

Поранешниот француски министер за економија и некогашен советник за економија на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, Емануел Макрон официјално ја објави својата кандидатура за шеф на француската држава. Учеството на претседателските избори идниот мај, според аналитичарите, е предавство на Оланд кој му помогнал во кариерата. Макрон нема поддршка од политичка партија.

„Се кандидирав зашто верувам дека може да успееме како земја. Не ми е целта да бидам левичар или десничар, туку да ги обединам Французите. Не можам да прифатам нација која живее во страв. Сакам слободна и горда Франција“, изјави поранешниот министер за економија, Макрон.

Најновите анкети покажуваат дека фаворит за Елисејската палата е градоначалникот на Бордо и поранешен премиер, Алан Жипе.

Оланд има минимални шанси да добие нов мандат.