За три проценти зголемен бројот на предвремено родени бебиња
Причина е возраста на мајката, нередовно следење на бременоста, инфекции, аномалии кај бебето. На Клиниката за детски болести во моментов има 13 предвремено родени бебиња. Д-р Софијанова вели поради новите методи успеваат да се изборат за нивниот живот.

За три проценти е зголемен бројот на предвремено родени бебиња во споредба со минатата година. Причина е возраста на мајката, нередовно следење на бременоста, инфекции, аномалии кај бебето. На Клиниката за детски болести во моментов има 13 предвремено родени бебиња. Д-р Софијанова вели поради новите методи успеваат да се изборат за нивниот живот.
Нивниот број станува се поголем, меѓутоа 26 гестациска недела не е енигма за нас, кога ќе се роди едно дете што значи тој стрес за самата фамилија и за нас како лекари и обврската која ја имаме за да ги спасиме овие животи, рече д-р Софијанова и додаде дека најмалото предвремено родено бебе било родено во 25 гестациска недела, а тоа што најмалку тежело имало 600 грама.
