Корупцијата кај партиите најизразена преку финансирање кампањи

16.11.2016 16:22

Богати бизнисмени или компании донираат илијадници евра за можат постизборно да влијаат врз креирањето на политиките, оценува Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешал“. Вели, ова се случува затоа што во земјава нема транспарентен систем за да се види како се финансираат партиите пред избори.

Корупцијата кај политичките партии најмногу е изразена преку финансирањето на изборните кампањи. Богати бизнисмени или компании донираат илијадници евра за можат постизборно да влијаат врз креирањето на политиките, оценува Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешал“. Вели, ова се случува затоа што во земјава нема транспарентен систем за да се види како се финансираат партиите пред избори.

Т.н. Бомби кои ги објави опозицијата влијаеле и врз подготвеноста на граѓаните да пријават корупција. Ако пред „бомбите“ 88 насто од испитаниците во истражувањето изразиле подготвеност да пријават корупција, сега овој број е намален на 65 проценти, вели Тасева. Ова, според неа, се должи на непостапувањето на институциите во борбата против корупцијата. 25 насто од анкетираните не би пријавиле корупција поради страв од последиците.

Новиот извештај на Транспаренси Интернешанал покажува дека луѓето од Европа и Централна Азија се плашат да зборуваат за корупцијата. Еден од тројца луѓе кои живеат во овој регион, сметаат дека корупцијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочува нивната земја.

 

Анита Димитријевска