Продолжуваат превирањата во Кривичниот суд

16.11.2016 16:29

Панчевски обвинува за хајка против него. Тврди дека судиите што доставиле претставки, работеле непрофесионално и затоа имале интерес тој да биде отстранет. Се разбива амбиентот на злоупотреба и на контрола и на моќта и на позицијата, сметаат од невладините организации.

Зад хајката стојат судии за кои сум поднесол преставки до Судскиот совет за непрофесионално работење. Тие сакаат да бидам отстранет, вели за МТВ првиот човек на Скопска единица Панчевски. Судијата Џолев реагира после две години, а другите 13 се кријат зад својот потпис, додава Панчевски. Смета дека, ќе се направи чистка во судството од, како што рече, одредени отпадоци. За критериумите во оценувањето како и за професионалноста на судиите одлучува само Судскиот совет и никој дург, вели првиот човек на институцијата.

Случувањата во Скопска единица ќе бидат разгледани во првата прилика, вели Караџоски. За евентуална дисциплинска одговорност ќе се чека на советот за утврдување факти. Караџоски упати апел до вработените да се воздржат од секакви дејствија со што ќе го нарушат угледот на судиите и судот.

Превирањата во Кривичниот суд претставуваа своевидно разбивање на амбиентот на злоупотреба и на контрола и на моќта и на позицијата, сметаат од невладините организации кои се занимаваат со прашањето на корупцијата.

Без коментар, пак, за состојбите остана институцијата, расадник на судските и јавнообвинителските кадри.

На кривичен му се случија судии. Прво судијата Џолев до Јавното обвинителство, па тринаесетмина судии до Судскиот совет испратија допис за непрофесионализмот на првиот човек на Кривичниот суд, Панчевски. Се кулминираше со инцидентот меѓу вработените.

 

Фиљана Кока