Македонија да го фати чекорот со дигиталната трансформација

16.11.2016 16:38

Создавањето единствена мрежа придонесува да се реализира дигитализацијата-сметаат информатичарите. Дводневна „Мајкрософт“ конференција во Скопје за 300 бизнис лидери и информатички професионалци. Собирот опфаќа 15 држави од Централна и Источна Европа.

Веќе не важи правилото- големите компании ги јадат малите, сега брзите ги истиснуваат бавно технолошки развиените бизниси. Тектонските промени во информатичките технологии ја форсираат дигиталната трансформација. Креираат раст, конкурентност, зголемена продуктивност, брз проток на информации. Македонија мора да го фати тој чекор. Над 300 експерти дебатираа за новите технолошки решенија.

Улогата на владите е да создаваат околина за дигитализација, вратите да останат отворени, да се заштити приватноста на интернет, да се отворат можности за поврзување во глобални рамки. Државава работи, но има простор за подобрување- искуствата со експертите ги сподели американскиот амбасадор Бејли.

Компаниите и државните институции да ги следат глобалните промени, вмрежувањето е клучниот момент за брз проток на информации. Земјата има креативни и паметни млади луге со потребните ИТ вештини. Да се искористи потенцијалот- порачаа од „Мајкрософт“.

Во Скопје, 300 лидери и ИТ професионалции, на светската конференција на „Мајкрсофт“ фокусот го ставија на новите технологии, иновации, дигиталната трансформација на бизнисите.

 

Сузана Фиданска- Стоевска