За ДУИ консензусот не бил ултиматум

03.02.2014 13:12

ДУИ смета дека консензуален кандидат за Претседател е најдобрата варијанта...

ДУИ смета дека консензуален кандидат за Претседател е најдобрата варијанта која би ја одбрале со коалициониот парнер ВМРО-ДПМНЕ.
 
Предвремените парламентарни избори се само една од петте алтернативи кои се во игра ако ВМРО-ДПМНЕ негативно одговори, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
 
Досега со ниту една партија не разговарале на оваа тема и го чекаат одговорот од коалицискиот партнер. Станува збор за предлог и не е ултиматум велат во ДУИ.