Лозарство

Дополнителни два денари за откупен килограм Смедеревка

17.11.2016 10:10

До крајот на овој месец винските визби кои откупиле повеќе од 1.500 тони Смедеревка можат да поднесуваат барања за исплата на субвенции. За секој купен килограм грозје од сортата Смедеревка финансиската поддршка е два денари за килограм.

Винските визби кои од лозарите преземаа повеќе од 1.500 тони смедеревка можат да поднесуваат барања за 2 денари субвенции за секој купен килограм. Ова важи само за земеното грозје од индивидуалните земјоделци.

Дополнителната поддршка има временско ограничување за купената Смедеревка од 5-ти до 30-ти октомври годинава.

Откупувачите за финансиската поддршка треба да достават списоци за откупени количества на грозје од оваа сорта и извештаи за исплатените обврски кон лозарите од претходните реколти.

Инаку исплатата на родот според законот е во рок од 6 месеци и на три рати. Првата рата од 20 проценти треба да се плати до 15 декември, втората од 40 проценти најдоцна до 15 февруари наредната година и последниот износ до крајот на април.

 

Методија Трајков