Кошарка – НБА

Бостон подобар од Орландо

03.02.2014 13:17

Во ноќта на „Супер боул“ натпреварот се друго е на пауза ...

Во ноќта на „Супер боул“ натпреварот се друго е на пауза. НБА распоредот содржеше само еден натпревар и тоа како вовед во НФЛ дуелот меѓу Сиетл и Денвер. Бостон го совлада Орландо со 96:89. „Селтикс“ водеа во текот на целиот меч и ја остварија 16-тата победа во сезоната. Играч на натпреварот беше Ражон Рондо кој реализираше 19 поени, 10 асистенции и 6 скока иако од него поефикасен беше Џаред Салингер кој постигна 21 кош и собра 12 топки под обрачите. Кај Орландо, Арон Афлало уфрли 18 поени.

Лидерот во „Источната конференција“ Индијана и натаму е екипата со најдобар ефект во лигата со 36 триумфи и 10 порази, додека прва на „Западот“ е Оклахома со биланс 38 – 11. Ноќта што престои НБА програмата продолжува во турбо ритам со 11 нтапревари.

Екипата на Лос Анџелес Клиперс пак, потпиша десетдневен договор со Саша Вујачиќ. Словенецот беше без клуб откако минатта сезона ја заврши во дресот на Ефес. Последна НБА екипа за која настапуваше 29 - годишниот Вујачиќ беше Њу Џерси „Нетс“, сега Бруклин, додека родениот мариборчанин претходно шест ипол години играше за Лејкерс. Минатиот месец Клиперс го ангажираа и турскиот кошаркар Хидо Туркоглу кој во „градот на анѓелите“ ќе остане до крајот на сезоната.