Клинтон изрази разочарување за поразот

17.11.2016 11:33

„Признавам дека не ми беше лесно да дојдам овде. Сакав само да седам дома со книга в раце, со своите кучиња и никогаш да не излезам“, изјави Хилари Клинтон.

Во првото појавување пред јавноста по претседателските избори, Хилари Клинтон изрази разочарување од поразот во трката за Белата куќа.

„Признавам дека не ми беше лесно да дојдам овде. Сакав само да седам дома со книга в раце, со своите кучиња и никогаш да не излезам“, изјави Хилари Клинтон.

Клинтон ги повика сите Американци да продолжат да се борат за вредностите на земјата.