Над 50 ИКТ фирми од 13 држави на средби во Скопје
Настанот ќе почне со работилница на тема „Отворени иновации во ИКТ секторот“ вечер во просториите на ЅЕС бизнис инкубаторот. Говорник на работилницата е експерт и предавач од Универзитетот Аванс од Холандија – Том Спанјард.
Над 50 фирми од ИКТ секторот од 13 држави ќе учествуваат на вторите интернационални деловни средби „Go International – open innovation in ICT“, што ќе се одржат денеска и утре во Скопје.
Настанот ќе почне со работилница на тема „Отворени иновации во ИКТ секторот“ вечер во просториите на ЅЕС бизнис инкубаторот. Говорник на работилницата е експерт и предавач од Универзитетот Аванс од Холандија – Том Спанјард.
Активностите ќе продолжат утре на Скопски саем со средби на бизнисмените од ИКТ фирми, како можност за формирање нови интернационални партнерства со цел освојување нови пазари.
Настанот е во организација на Фондација за менаџмент и индустриско истражување и е поддржан од Централна Европска Иницијатива – ЦЕИ и Мрежата на бизнис можности (Enterprise Europe Network).
