Мигранти предизвикаа инциденти на Хиос

17.11.2016 13:05

Засега се уапсени непознат број мигранти и бегалци. Според ЕРТ, синоќа во 23 часот група мигранти и бегалци влегле во продавница и украле голем број петарди и огномет и го палиле низ градот и во близина на куќи.

Во кампот Суда на грчкиот остров Хиос во текот на ноќта дошло до немири меѓу мигрантите, кои потоа предизвикувале инциденти и низ градот. Мигранти и бегалци, воглавно од Африка, запалиле шатори, а локалните медиуми јавија дека поголемиот дел од кампот бил уништен.

Засега се уапсени непознат број мигранти и бегалци. Според ЕРТ, синоќа во 23 часот група мигранти и бегалци влегле во продавница и украле голем број петарди и огномет и го палиле низ градот и во близина на куќи.

Полицијата ја блокирала областа и употребила солзавец.