Денеска истекува рокот за одлучување по тужбите на НДМ и СДПМ
17.11.2016 13:16
Народното движење за Македонија на Јанко Бачев и Социјал-демократската партија на Македонија на Бранко Јаневски, поднесоа тужби до Управниот суд...

Управниот суд денеска треба да се изјасни по тужбите поднесени од двете политички партии, чии што кандидатски листи не ги прифати Државната изборна комисија.
Народното движење за Македонија на Јанко Бачев и Социјал-демократската партија на Македонија на Бранко Јаневски, поднеле тужби до Управниот суд, затоа што ДИК утврдила дека нивните кандидатски листи имаат повеќе неправилности, што партиите ги оспоруваат.
