Судот ги одби тужбите од НДМ и СДПМ

17.11.2016 14:38

Партиите поднесоа тужби до Управниот суд откако Државната изборна комисија (ДИК) ги отфрли сите кандидатски листи поднесени од двете партии поради недостатоци и недоследности.

Управниот суд на Република Македонија ги одбил сите тужби поднесени од Социјалдемократската партија на Македонија (СДПМ) и Народното вижење за Македонија (НДМ) во врска со кандидатските листи за претстојните предвремени парламентарни избори на 11-ти декември.

Партиите поднесоа тужби до Управниот суд откако Државната изборна комисија (ДИК) ги отфрли сите кандидатски листи поднесени од двете партии поради недостатоци и недоследности.

Граѓаните на 11-ти декември ќе избираат меѓу кандидатите на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи - ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.

Од ДИК информираат дека утре ќе биде извршено жребувањето за редоследот на партиите и коалициите на гласачките ливчиња. Според роковникот за предвремените парламентарни избори, жребувањето треба да се изврши до недела 20 ноември.

Во понеделник, пак, почнува дваесетдневната изборна кампања која ќе заврши на 9 декември.