Бил Клинтон: Џереми Корбин е човек од улица

17.11.2016 14:40

Во материјалите објавени од Викиликс, на кои се повикуваат лондонските медиуми, се тврди дека Клинтон се шегувал на сметка на Корбин, кога тој стана лидер на Лабуристичката партија.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон го нарекол лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин „човек од улица“ и „лудак“, во еден говор во кој го објаснува оживувањето на левичарската политика во Европа и во САД.

Во материјалите објавени од Викиликс, на кои се повикуваат лондонските медиуми, се тврди дека Клинтон се шегувал на сметка на Корбин, кога тој стана лидер на Лабуристичката партија.

Медиумите тврдат дека материјалите што ги објавува Викиликс потекнуваат од руски хакери кои упаднаа во мејловите на американаката Демократска партија и посебно во приватните електронски писма на Џон Подеста, шеф на изборната кампања на Хилари Клинтон.