25 години од првиот македонски Устав

17.11.2016 14:59

Донесен во Законодавниот дом, првиот Устав на независна и самостојна Македонија, документ според кој се препознава државноста во меѓународни граници, денеска го одбележува сребрениот јубилеј од неговото изгласување.

Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив, е нагласено во првиот член на Уставот на државата, донесен во бурните времиња на 1991, пред 25 години.

Оттогаш, конститутивниот акт е неколку пати дополнуван, а најголемите измени ги претрпе пред 15 години, кога со 18 амандмани беше ратификувано завршувањето на конфликтот во 2001-ва година.

Донесен во Законодавниот дом, првиот Устав на независна и самостојна Македонија, документ според кој се препознава државноста во меѓународни граници, денеска го одбележува сребрениот јубилеј од неговото изгласување.

Неговите постулати се засноваат врз вековната борба на македонскиот народ и сите етникуми во земјата, произлезени од Крушевската Република и од АСНОМ.