Почна обновата на најпосетената поликлиника

03.02.2014 13:29

По половина век денеска почна целосната обнова на Поликлиниката Букурешт. Во оваа поликлиника дневно се лечат и до 1500 пациенти. Во реконструкцијата која ќе заврши за 5 месеци ќе бидат вложени 24 милиони денари, изјави ресорниот министер Никола Тодоров.

Според  директорката на здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ поликлиника Букурешт е базата за извршување секундарна специјалистичка служба. Во неа има три кабинети кои се единствени на територија на град Скопје, кабинетот за ортопедија, кабинетот за контактни леки и андролошки кабинет, кабинет за врмена спреченост од работа. 

2013 година ја одбележале 74 илјади здравствени услуги од специјалистичката служба, 26 илјади корисници на комисијата за времена спреченост од работа и 10 илјади здравствени услуги се дадени во примарната, превентивната здравствена заштита во  делот на детското советувалиште и превентивната стоматологија.

Ана Јосифоска