Клинтон: По поразот сакав никогаш да не ја напуштам куќата

17.11.2016 15:54

Клинтон рече дека знае дека многумина се разочарани од резултатите и дека не е лесно. Истакна дека и таа како и голем дел од Американците се прашувале дали Америка е земја како што мислеле дека е и додека дека поделбите кои настанале по изборите се длабоки.

Во првото појавување во јавноста по поразот на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон не ја криеше својата разочараност. Во говорот што го одржа во Вашингтон, таа рече дека по објавувањето на резултатите не сакала никогаш повеќе да ја напушти куќата. 

Ќе признаам дека доаѓањето овде не беше лесно. Имаше неколку моменти претходната недела кога се што сакав да правам е да се склупчам со добра книга, со моите кучиња и да не излезам од дома“, изјави Хилари Клинтон.

Клинтон рече дека знае дека многумина се разочарани од резултатите и дека не е лесно. Истакна дека и таа како и голем дел од Американците се прашувале дали Америка е земја како што мислеле дека е и додека дека поделбите кои настанале по изборите се длабоки.

За доброто на нашите деца, за доброто на нашите семејства, за нашата земја, барам од вас да останете ангажирани на секое ниво. Потребни сте ни. Потребни сте и на Америка. Вашата енергија, амбиции, таленти. Само на тој начин ќе излеземе од ова. Знам дека не е лесно. Но, сигурна сум во едно, Америка е сѐ уште најголемата земја во светот. Од нас зависи да продолжиме да работиме за да ја направиме америка уште подобра и посилна од кога и да е“, изјави Клинтон.

Поранешната државна секретарка по изборите во јавноста се појави само накусо, а во телефонски разговор со американските медиуми, за поразот го обвини шефот на ФБИ, Џејмс Коми. Дел од медиумите објавија дека таа освоила речиси милион гласови повеќе од Трамп, но сепак ги загубила изборите, поради комплексниот начин на гласање со електорски гласови.

Дел од американските медиуми пишуваа дека по празот од Трамп, добила напад на беснило. Вработени во службата за безбедност на Клинтон тврдат дека по објавувањето на реултатите таа почнала да вреска, да пцуе и да крши мебел, како и да фрла со предмети по своите помошници и персонал. Потребни биле неколку часа, за да се смири.

 

Марина Автовска