Прислушуваните разговори- инспирација за изучување на македонскиот јазик

17.11.2016 16:23

Прислушуваните разговори како инспирација за изучување на македонскиот јазик. Американскиот лингвист Виктор Фридман пресметал дека во т.н. „бомби“ има 130 илјади зборови. Ги искористил како лесен пристап за изучување на нашиот јазик и направил паралела меѓу овие и разговорите снимени во аферата „Вотергејт“.

Прислушуваните разговори, обемниот  материјал, предизвика интерес кај лингвистите. Познатиот македонист Виктор Фридман вели тоа е одличен корпус на разговорен јазик, за собирање на овие разговори се потребни  години теренска работа, а вака, научниците, имаат достапни на едно место 130.000 збора. Се тргнало од неговиот мотив да прочи колку често се користат турцизмите во македонскиот разговорен јазик.

Американскиот професор и академик истакна дека ги проучувал и прислушуваните разговори во Америка по аферата „Вотергејт“. Правел и споредба како се преведени фразите на македонски јазик. Околу 5 проценти од зборовите се турцизми. Оние кои влегле во речник се архаични, некои се секојдневни, некои се историски.

Академик Виктор Фридман одржа предавање на Институтот за македонски јазик. Овој македонист  е добитник на многубројни награди за афирмација на нашиот јазик. За особен научен придонес има добиено и македонско државјанство. Тој преку својата кариера повеќе од 40 години придонесува македонскиот јазик да стане познат и признат во светот.

 

Наташа Јанчиќ