Македонија против конвенцијата за контрола на тутунот
Тутунот овозможува егзистенција на повеќе од 42 илјади семејства...

Македонија нема да ја поддржи определбата на Рамковната конвенција за контрола на тутунот која предвидува земјите да не инвесираат во производство и во промоција на тутунот и да ги намалат површините под оваа земјоделска култура.
Европа го намалува производството, а истовремено расте светската продукција. Тутунската индустрија, тутуно- производителите и државата имаат идентичен став, да не се применуваат препораките од Конвенцијата и да остане сегашното ниво на субвенционирање.
Тоа овозможува егзистенција на повеќе од 42 илјади семејства, а третина од буџетот се полни од давачките поврзани со производството и прометот поврзани со оваа култура.
Засега нема алтернатива за тутунот на овие земјоделски површини, е идентичен ставот на експертите и на сите заинтересирани страни.
„Овие обврски се за жал во контрадикција со постоечката економска реалност во Република Македонија. Ја знаеме важноста на тутутнот како култура и економскиот ефект од призводство и извоз на цигари. Тутунот бара одредени карактеристики на почва кои не одговараат на останатите култури. И покрај обидите, со покажа дека други култури на оваа почва не виреат“, вели Васко Ристоски од Стопанската комора на Македонија.
