Најголема поддршка за растителното производство
Во 2017-та година земјоделците треба да добијат финансиска поддршка со директни плаќања од скоро 100 милиони евра. Средствата се распределени во сите делови од аграрот, а најголемиот дел од нив се наменети за намалување на трошоците на растителното произвотство.

Земјоделците ќе добијат повеќе од 32,5 милиони евра за растителното производство, а сточарите 19,2 милиони евра.
В година за субвенционирање остануваат досегашните мерки за дополнителната финансиска поддршка за развој на земјоделството, односно помошта за осигурување,помошта за млади земјоделци, за регистрирани земјоделци и за оние чии ниви или фарми се наоѓаат во планинските подрачја, како и помош за штетите настанати од временски непогоди.
Висината на финансиска поддршка учествува од 5 до 50 проценти од вкупните трошоци во зависност од културата која се одгледува.
Поради сезонскиот карактер на производството, пријавувањето и крајните рокови за почеток на исплатата на парите се одредени со годишен календар.
Секоја година финансиската поддршка стартува и први ја добиваат тутунарите.
Методија Трајков
