Скопјанец загина во пожар во стан во Хиподром

18.11.2016 10:30

По пожарот дошло и до експлозија на плинската боца која се наоѓала во станот. Во гаснењето на пожарот учествувале 17 пожарникари и 7 противпожарни возила.

70 годишен човек загина во пожар што избувна синоќа во стан во скопската населба Хиподром, потврдуваат од МВР. Најверојатно, причината за смртта било задушување.

По пожарот дошло и до експлозија на плинската боца која се наоѓала во станот. Во гаснењето на пожарот учествувале 17 пожарникари и 7 противпожарни возила.

Зградата била евакуирана.