Двајца уапсени во протестите во Атина

18.11.2016 10:45

Полицајците на нападот со камења, молотови коктели одговорија со солзавец и шок бомби.

Полицијата во Атина се судри со група анархисти, кои организираа протести за одбележување на 43-та годишнина од студентскиот бунт против воената хунта кој почна на Политехничкиот универзитет.

Полицајците на нападот со камења, молотови коктели одговорија со солзавец и шок бомби.

Уапсени се неколку демонстранти. Протестен марш се одржа и до американската амбасада, но мина мирно.