Турција: Уставни реформи за укинување на фунцкијата премиер
18.11.2016 11:08
Опозициските партии се против предлогот, стравувајќи дека новиот систем ќе овозможи неконтролирано владеење на Ердоган.

Турската влада предложи уставни реформи за укинување на функцијата премиер. Претседателот Ердоган ќе има помошници и потпретседател, систем што е сличен на оној во САД, а законодавната и извршната власт ќе бидат одвоени.
Опозициските партии се против предлогот, стравувајќи дека новиот систем ќе овозможи неконтролирано владеење на Ердоган.
Инаку, серијата апсења по обидот за пуч продолжува. Обвинителството нареди приведување на 103-јца професори од Истанбул во рамките на истрагата за следбениците на имамот Ѓулен.
