Лавров: Воздушните напади во Сирија насочени кон Идлиб и Хомс
18.11.2016 11:40
Цел на нападите беа позициите на Исламска држава и Фронтот Ал-Нусра.

Русија ги изврши првите напади во Сирија со авиони кои летнаа од базите на рускиот носач „Адмирал Кузњецов“ стациониран во сириските води. Цел на нападите беа позициите на Исламска држава и Фронтот Ал-Нусра.
Бомбардиран е и источниот дел на Алепо каде што, според бунтовниците, се уништени болница и амбулантни возила. Рускиот министер за надворешни работи Лавров тврди дека нападите се ограничени само во провинциите Идлиб и Хомс.
Во меѓувреме, Советот за безбедност на Обединетите нации ја продолжи за една година работата на Комисијата за истражување на хемиските напади во Сирија.
