Маж се самозапали во австралиска банка
18.11.2016 12:17
26 лица се повредени, од кои шестмина се наоѓаат во критична состојба во пожар во банка во Австралија. Маж се самозапалил во преполна филијала на Комонвелт банка во Мелбурн.

Најмалку 26 лица се повредени, од кои шестмина се наоѓаат во критична состојба во пожар во банка во Австралија. Маж се самозапалил во преполна филијала на Комонвелт банка во Мелбурн.
Едно дете истрча надвор, целото изгорено, врескаше, му висеа парчиња кожа. Крв насекаде. Дојдов токму овде, бев во шок. Претрчав до продавницата за телефони и го зедов противпожарниот апарат. Се вратив и почнав да го гасам огнот- вели сведок на настанот.
Полицијата го истражува мотивот за инцидентот и дали станува збор за тероризам.
