СЈО отвори нов случај „Таргет“, осомничени 10 лица за злоупотреба на службената положба

18.11.2016 12:36

СЈО покрена нов случај „Таргет“ за незаконското следење на комуникациите од 2008-ма до 2015-та година. Во наведениот период, според СЈО, биле прислушувани 5.827 телефонски броеви.

Специјалното јавно обвинителство покрена нов случај „Таргет“ за незаконското следење на комуникациите од 2008-ма до 2015-та година. Осомничени се 10 лица, дел од нив и сега се вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање. Обвинителството ги сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.

Предмет на истрагата е кој, на кој начин и со кои средства вршел незаконското следење на комуникациите. Мотивите за прискушувањата, како што беше соопштено на денешната прес- конференција, треба да го покаже истрагата.

Во наведениот период, според СЈО, биле прислушувани 5.827 телефонски броеви. Во тој период во употреба биле три различни системи за следење на комуникациите.

СЈО досега покрена истраги за случаите „Тортура“, „Титаник“, „Транспортер“, „ТНТ“, „Тврдина“, „Трезор“ „Топлик“ и „Тендери“.